СДСМ: Новиот воз на Груевски застана, не може да вози по катастрофа шини!
Од опозициската СДСМ велат дека неколку месеци не функционира новиот воз кој го промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груесвки.
Според информациите да кои дошла опозицијата, возот има проблем да се движи по железничките пруги што се во катастрофалната состојба.
„Возот не може да се движи поради потресите и вибрациите од дотрајаната инфраструктура.
На ова предупредивме кога Груевски влезе да се слика во возот ветувајки чуда.
За цела деценија мандат Никога Груевски не изгради ниту еден километар нова пруга, а потроши милиони евра пари на граѓаните за споменици“, изјави претседателот Благој Бочварски на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.
Од СДСМ запрашаа каде се сега министрите да излезат и да се сликаат до возот во застој.
„Во виртуелниот свет на Груевски Македонија требаше да има 6 нови возови но и обновена инфрастиктура.
Во реалноста има стари, небезбедни пруги. Возови по пругите нема. А и онаму каде што ги има доцнат по неколку часа и граѓаните мрзнат, бидејќи внатре нема греење“, обвинуваат од партијата на Заев.
Оттаму посочуваат дека во 2005 година во МЖ имало вкупно 39 патнички гарнитури и локомотиви а денес само 11.
Додаваат дека поради катастрофалните услови за патување со воз, патничките билети се покачени за 50 % а превозот на патници од 2006 година е намален дури за три пати!
СДСМ во Програмата предвидува прецизни мерки за вистинска модернизација и проширување на железничка инфраструктура во Република Македонија.
