СДСМ: Новиот газда на земјиштето на Водно нема да го спаси Груевски од одговорност
Никола Груевски се обидува да го заташка криминалот парцелите на Водно тежок 17 милиони евра, обвинија од опозициската СДСМ. Од партијата велат дека промената на сопственикот на земјиштето, не може да го спаси Никола Груевски и неговите соработници за целокупниот криминал со парцелите. Вчера телевизијат Алсат М објави дека според податоците од централниот регистар, компанијата Орка Холдинг на бизнисменот Орце Камчев ја купила фирмата „Сирах Инженеринг“, инаку сопственик на земјиштето над вилата на Претседателот на државата.
-Како што јавија медиумите, компанијата Орка Холдинг ја купила фантомската фирмата „Сирах Инженеринг“од даночниот рај Белизе, инаку сопственик на овие парцели. Така, сопственоста на парцелите на Водно од 11.000 м2 сега завршува во оваа фирма, исто така блиска до фамилијата на власт.Освен промената на газдата, сменето е и раководството на фирмата која ги поседува парцелите. Избришан е досегашниот управител Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски и брат на неговата лична секретарка. Јавноста многу добро знае за алчноста на Груевски за илјадници метри кавдратни на Водно, вредни милиони евра, изјави потретседателот на СДСМ. На Никола Груевски ако досега не му стана јасно веќе мора да му биде кристално јасно: бегање од одговорноста нема, вели Дамјан Манчевски.
Инаку атрактивните плацеви на Водно првично ги актуелизираше СДСМ во т.н политички бомби, и објави аудио снимки во кои како што тврди опозцијата премиерот Никола Груевски наложувал промена на детални урбанистички планови заради купување на свои имоти.Од СДСМ тогаш обвинија дека се работи за атрактивни локации опфатени со ДУП-вите Тасино Чешмиче 1 и Капиштец – Водно.Тогаш премиерот Груевски ги отфрли обвинувањата како измислени и невистинити.
Од СДСМ сега потсетија дека врз основа на аудио доказите поднесена е и кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран крминал и корупција против Никола Груевски, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејствиа во врска со парцелите на Водно, со што ќе треба да се занимава и Специјалниот јавен обвинител.
Првичната намена на плацевите беше зеленило
Инаку плацевите првично беа со намена зеленило, но со промена на деталните урбанистички планови во општината Ценатр се пренаменија во градежни. По објавувањето на опозициските бомби во јавноста со реакции излегоа и жителите на улицата Питу Гули, каде што се наоѓа една од парцелите. Тие укажаа дека доколку почне да се гради на ридот нивните домови ќе бидат доведени во опсасност, за што го известија и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Тој тогаш најави дека ќе формира комисија која ќе ги утврди што точно се случувало со урбанистичките планови.
Најголем дел од измените овие ДУП-ви што ги посочува СДСМ се направени во времето кога со општината Центар раководеше Владимир Тодоровиќ..ДУП-вите за парцелите за кои СДСМ посочува во прислушуваните материјали, беа одобрени лани, кога се случи и најспорната седница на Советот на општина Центар.Измените се изгласаа доцна во ноќта а градоначалникот на Центар, Жерновски, и советниците од опозицијата ја напуштија салата.Тогаш на седницата останаа само претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а беа усвоени двата ДУП-а.
Дел од архитектите веќе неколкупати посочуваат дека измените на урбанистичките планови особено зачестиле со почетокот на реализацијата на владиниот проект Скопје 2014-та.Еден од најконтоверзните планови ДУП-то Мал Ринг, само во 2012-та година е дополнет и изменет над 10 пати. Од архитектонската фела алармираат дека некои од урбанистичките планови се усвојаат по секоја цена без детални анализи и истражувања на терен, а штетите од нивната имплементација на терен се непроценлви..
Т.С
Слично
