Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Нови вработувања и враќање на средната класа за само еден мандат

СДСМ: Нови вработувања и враќање на средната класа за само еден мандат
Средна класа, слобода и инвестиции во иднината се трите клучни столба од изборната програма со која СДСМ ќе ја побара довербата од граѓаните на престојните предвремени парламентрани избори. „Оваа програма нуди подобар и поквалитетен живот, но и решенија за проблемите кои ги слушнавме од грѓаните“- рече  претседателот на партијата Зоран Заев. „Програмата се темели на три столба – „Да ја вратиме средната класа“, „Сакаме слобода“ и „Инвестираме во иднината“. Новиот, реорганизиран и обединет СДСМ има енергија, идеи и тим да ги спроведе промените. Програмата на СДСМ за подобар и поквалитетен живот е нов лист во пристапот кон решавање на проблемите и ќе донес нов почеток за Македонија. Откако стана јасно дека предвремени парламентарни избори ќе има, оваа програма ја прилагодивме во изборна со која СДСМ ја бара довербата на граѓаните на Република Македонија, нагласи претседателот на СДСМ“, Зоран Заев. “Довербата ја бараме за да го спроведеме пописот и да Ви кажеме колку должи државата – ова е чесна понуда“, рече Шеќеринска. Од опозицијата уверуваат дека мерките се скроени за да ја вратат средната класа и тоа за еден мандат. Но и да ја вратат независноста во судството, слободата на говорот, достоинството на работниците. Мерките се конципирани како решенија на проблемите со кои граѓаните се соочувале, велат од СДСМ. Во креирање на програмата биле вклучени над 500 домашни и странски експерти, а применливоста на решенијата и ефектите биле практично тестирани. Во програмата „Промени за нов почеток“, мерките во економијата се поделеи на два дела, едните ќе делуваат веднаш, а останатите се мерки кои ќе делуваат на среден рок и долг рок. - Оние што имаат повеќе, оние коишто јавните добра ги користат повеќе, да плаќаат повеќе. Тие што имаат помалку, да плаќаат помалку. Од друга страна, кај распределбата на средствата тие што имаат помалку треба да добиваат повеќе од тоа што го добиваат сега. И така ќе се случи тоа социјално прегрупирање на Македонија кон израснување и враќање на средната класа. За тој сет на мерки кој што значи поинаква прераспределба, мерката за враќање на 15 отсто од ДДВ е веќе широко промовирана и тоа е првата ударна мерка. Што ќе значи најмалку 130 милиони евра враќање на пари кон граѓаните, ама кон сите, не лотариски на еден или двајца. Тука е и мерката за подобрување на стандардот за тие што имаат ниски плати, враќање на персоналниот данок на луѓето кои што имаат ниски плати. И овие две мерки заедно со мерките од социјалната политика треба да делуваат на краток рок, веднаш – рече потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов. Дел од промените што ги нуди СДСМ се бесплатен превоз за сите млади невработени лица до 29 години, реформи во предучилишното и средното стручно образование, промени во високото образование, мерки за добри услови за учење, мотивиран кадар, квалитетни програми, поливалентни вакцини за децата, изградба на студентски град во Скопје и реновирање на постојните студенстки домови, поголеми плати за здравствените работници...
Слично

Поврзани вести