Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Не сме изненадени од брзата одлука на Јавното обвинителство за „Пуч“

СДСМ: Не сме изненадени од брзата одлука на  Јавното обвинителство  за „Пуч“

Откако вчера против опозицискиот лидер Зоран Заев и уште пет лица Јавното обвинителство официјално покрена обвинение за случајот “пуч”, од партијата на Заев велат дека не се воопшто изненадени со ваквата одлука.

„Токму партијата, со докази, аргументирано, објавила под каква контрола на извршната власт е целокупниот систем во Македонија.  Јавното обвинителство одлуката ја донело за само 6 дена, од вкупно 30 дена кои ги имало на располагање“, посочуваат од СДСМ.

Понатаму, се додава дека одлуката на Јавното обвинителство за случајот „Пуч“ не е изненадување, затоа што токму Според партијата,одлуката, максимално брзо да се донесе обвинителен акт доаѓа директно од Никола Груевски и Сашо Мијалков, кои се фатени во рушење на уставниот поредок и во злодела врз граѓаните на Македонија. Тоа што сега го очекуваат, како што посочуваат од партијата е брзо да се донесе и пресуда против лидерот на опозицијата и другите лица кои се во притвор.

Слично

Поврзани вести