Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ не излегува на избори на 24 април

СДСМ не излегува на избори на 24 април

Бидејќи смета дека нема услови за фер и демократски услови, лидерот на опозицијата Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ нема да излезе на избори на 24 април.

Како алтернативни датуми за избори, опозицискиот лидер ги посочи 5 јуни или 5 јули, бидејќи, како што вели со овие два термини може најрано да се врзе прочистувањето и проверката на избирачкиот список.

Договорот од Пржино, рече тој, бил склучен за да се надмине политичката криза, а не да се продлабочи.

„Сега секој граѓанин лично се увери дека Никола Груевски не сака слободни и фер демократски избори, затоа што знае дека ќе ги изгуби. Тоа се вистинските причини поради коишто не сака прочистен избирачки список и слободни медиуми“, рече Заев.

Заев бара да се престане со лицитација на терминот за избори и да и се овозможи на ДИК да направи реална проценка до кога ќе трае проверката на Избирачкиот список.

Тој објаснува дека пречистувањето на избирачкиот список почнува со споредба на сегашната состојба со состојбата во минатите изборни циклуси, по што ќе се прави вкрстување на базите на податоци на 10 институции. Дури потоа, се пристапува кон теренска проверка и евентуално бришење гласачи.

Според Заев, невозможно е во земја во која останеале милион и 600 илјади жители, да има милион, 811 илјади гласачи.

Слично

Поврзани вести