Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Не е донесена одлука дали ќе се расчисти кампот

СДСМ: Не е донесена одлука дали ќе се расчисти кампот
Најголемата опозициска партија СДСМ денеска информираше дека нема конечна одлука дали ќе се расчисти кампот, како и тоа дека таква одлука нема да се донесе денеска.. „Засега не може да се каже кога ќе се донесе одлука за тоа дали кампот ќе се расчисти или ќе остане. Постојат поделени мислења за судбината на кампот. Денеска Заев ќе има средба со претставниците на невладините организации, на која ќе се разговара за следни чекори и активности“, велат од СДСМ. Фактор денеска објави дека синоќа лидерот на СДСМ Зоран Заев на состанок со Извршниот одбор на партија разговарале за понатамошното делување, особено после заострувањето на текот на преговорите и одлуката на СДСМ да ги прекине истите. Дел од дискусиите оделе во насока да се прекине со кампувањето пред Владата и да се започне со други активности кои би биле порадикални. Кои ќе бидат следните активности и како понатаму ќе се спроведува прокетот Вистината за Македонија, партијата ќе одлучува по посетата на американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд и најавената посета од страна на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Слично

Поврзани вести