Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Не дозволуваме шверцерски да се протне одлуката за нов универзитет

СДСМ: Не дозволуваме шверцерски да се протне одлуката за нов универзитет

„Со одлуката за формирање на новиот Универзитет Даме Груев целосно  е прекршена процедурата за носење на одлука за формирање на нов универзитет“, обвинуваат од опозицијата.

Од пратеничката група на СДСМ велат дека поднесуваат 984 амандмани на предлог законот за формирање на овој универзитет.

Од оваа партија ја запрашаа Владата зошто до пратениците не е поднесен Елаборатот за формирање на универзитет на разгледување и каде е одлуката на одборот за акредитација со која се дава мислење за нов Универзитет

Велат дека пратениците ги немаат на увид и стручните мислења на постоечките факултети за потребата од формирање на нов Универзитет.

„Владата треба да знае дека Елаборатот и потребната документација за формирање на нов Универзитет треба да им бидат доставени на сите пратеници во потребниот рок на разгледување.

Катастрофално е од владата да велат дека стручни мислења од другите факултети се доставени, а истите пратениците да ги немаат на увид.

Имено Правен факултет се има изјаснето дека има презаситеност од правни факултети. Зошто Владата не го зела во предвид ова мислење на најстариот правен факултет во земјава?“, изјави координаторот на пратеничка група на СДСМ  Горан Сугарески

Слично

Поврзани вести