Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ:Назначувањето на Тантуровски е да се покријат криминалите на власта

СДСМ:Назначувањето на Тантуровски е да се покријат криминалите на власта

Од СДСМ велат дека во земјата нема вистинска борба со корупцијата и криминалот.

Велат дека тоа го покажува и назначувањето на Игор Тантуровски за нов претседател на Антикорупциската комисија, за да се покријат криминалите на власта.

„Тантуровски самиот потврди дека во 2012 година донирал 60.000 денари за ВМРО-ДПМНЕ, со што не го исполнува највисокиот услов да биде партиски независен. Со тоа уште еднаш на дело се гледа дека не постои одвојување на партијата од државата, што е еден од клучните услови за кредибилни избори. Наместо да бидат избрани квалитетни и стручни луѓе коишто професионално ќе ја извршуваат работата и навистина ќе се борат со корупцијата, ВМРО -ДПМНЕ назначува свои полтрони,  преку кои ја уништи институцијата која требаше да биде симбол на искоренување на корупцијата“ - додаваат од СДСМ.

Опозиционерите порачуваат дека правдата ќе ги стигне сите.

Слично

Поврзани вести