Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ наскоро со „втора сезона“ на бомбите

СДСМ наскоро со „втора сезона“ на бомбите

Најсилно може да одекнат необјавените „бомби“. Со вакво „предупредување“ се соочи СДСМ, откако пред протестот на 17 мај, најави привремен мораториум на проектот „Вистината за Македонија“. Запрашан дали ќе продолжи со објавувањето на аудио-снимки, лидерот на СДСМ тогаш одговори дека „бомбите“ ќе паузираат се додека траат протестите.

„За случајот „Монструм“ ветивме и секако дека ќе бидат објавени сознанијата, но заради чувствителноста на моментот (денови по полициската акцијата во Куманово н.з.), не ги објавивме пред големиот протест“, изјави тогаш Заев.

Се ќе биде објавено!

Ваквата одлука на СДСМ го испровоцира првото незадоволство. Движењето „Беса“, кое претходно го поддржа антивладиниот протест, незадоволно што лидерот на СДСМ во „бомбите“ ги поштедил функционерите од ДУИ, соопшти дека нема да учествува во протестот на 17 Мај. Граѓанскиот протест заврши, но тој и натаму продолжува пред Владата во поинаква форма. Колку ќе трае зависи од разврската на кризата, а таа може да трае и со месеци. Дали за време на целиот тој протестен период, „бомбите“ ќе бидат под мораториум - е прашањето што се поставува во јавноста, пишува Дојде Веле.

Ветивме дека ќе ја соопштиме целата вистина и не бегаме од тоа, одговара лидерот на СДСМ.

„Не е во прашање само 'Смилковско езеро'. Има и други содржини што и ги ветивме на јавноста, а до денес не се објавени, како што е и случајот 'А1 телевизија', 'Скопје 2014' и многу други. Изминативе денови имаме многу активности - протест, лидерска средба во Скопје, средба во Стразбур... Објавувањето на 'бомбите' привремено беше запрено затоа што сакавме да му дадеме примат на протестот. Но, ништо нема да остане необјавено. Кон крајот на неделава ќе донесеме одлука кога ќе продолжиме со објавувањето и на другите содржини од 'Вистината за Македонија'. Затоа, молам за трпение и за разбирање“, изјави Заев.

(Извор и цела вест Дојде Веле)

Слично

Поврзани вести