Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Насилно им се верификувани мандатите на опозициските пратеници

СДСМ: Насилно им се верификувани мандатите на опозициските пратеници
Верификацијата на мандатите на опозициските пратеници од страна на парламентарното мнозинство, наспроти нивната јавно изразена волја да не учествуваат и да не ја легитимираат работата на новото Собрание, е доказ за „самоволието, ароганцијата и насилството на власта“, смета членот на Извршниот одбор на СДСМ Рената Дескоска. „Она што важеше за Ивица Коневски, Марјан Ристески и други кандидати за пратеници во 2011 година, кога нивните изјави за неприфаќање на мандатот беа прифатени, очигледно денес не важи за нас како опозиција“, рече Дескоска. Според неа, мандатите на опозициските пратеници биле насилно верификувани, што е само уште еден „доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не ги почитува Уставот и законите. „На 24 декември 2012 година на сила ја исфрлија, а сега на сила сакаат да ја внесат опозицијата во овој нелегитимно избран парламент“, додава Дескоска. СДСМ останува на ставот дека тукушто завршениот изборен процес беше нефер и недемократски и ги поткопа институциите. Опозицијата се уште бара техничка влада која ќе организира „нови, легитимни избори“.
Слично

Поврзани вести