Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Нашето единство јакне, Јакимовски е надвор од партијата!

СДСМ: Нашето единство јакне, Јакимовски е надвор од партијата!
  СДСМ го исклучи Стевчо Јакимовски од партијата по одлуката на актуелниот градоначалник на Карпош да се кандидира за нов мандат. „Ваквата постапка на Стевчо Јакимовски е спротивна на одлуките на партиите од  “Сојузот за иднината“ и затоа ја сметаме за кукавички и предавнички чин. Сакаме да ја информираме јавноста дека во изминативе денови, власта на секаков можен начин се обидуваше преку злоупотреба на државните институции, закани, уцени, па дури и со непристојни понуди, да убеди некој кандидат или партија од здружената опозиција да одигра епизодна улога за Никола Груевски. Нема никакви дилеми дека тоа единствено им успеа со Стевчо Јакимовски, новиот глумец на “фамилијата“, кој со задоволство ја прифати улогата на тројански коњ. За жал, од вчера во Карпош, ВМРО ДПМНЕ има двајца свои кандидати за градоначалник“ се вели во соопштението од СДСМ. Од СДСМ велат дека и покрај се, во во здружената опозиција постои уште поголемо единство за бојкот на престојните локални избори, одлука која е исклучиво во интерес на Македонија и нејзините граѓани. „Земајќи предвид дека излегоа на виделина вистинските мотиви за неговиот трансфер во СДСМ, каде во изминатиот период ја уживаше целосната доверба на членството и симпатизерите да обавува високи и одговорни функции, ја известуваме јавноста дека од денес Стевчо Јакимовски повеќе не е член на партијата„ извести СДСМ  
Слично

Поврзани вести