СДСМ: Наместо за панорамско тркало, АЕК да донира за атмосферска канализација во Скопје!
После денешната објава дека од Агенцијата за електронски комуникации ќе бидат донирани еден милион евра од парите потребни за изградба на Панорамското тркало во Скопје од опозициската СДСМ реагираат наместо за панорамско тркало АЕК парите да ги донира за атмосферска канализација во Скопје.
„Во услови на огромна сиромаштија, безобразно е Агенцијата за електронски комуникации, по партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ, да донира 1 милион евра за Панорамско тркало во Скопје, реагираат од СДСМ“.
-Чии бизнис интереси се задоволуваат со милионски суми на штета на приоритетите за граѓаните? -За граѓаните ќе беше добро овие пари, 1 милион евра, да се донираат на градот Скопје за зголемување на капацитетот на атмосферската канализација?, прашува опозицијата.
„На тој начин ќе се влијаеше Скопје да не биде под вода, сообраќајот во колапс а граѓаните нервозни при секој дожд.
Или за обезбедување на бесплатен јавен превоз на студентите секој ден? Бесплатниот превоз што го предлага СДСМ нема да чини повеќе од 150.000 евра годишно а многу ќе им олесни на студентите во главниот град“ предупредуваат од СДСМ.
„Директорот на АЕК, Роберт Ордановски, има обврска да одговори зошто 1 милион евра за Панорамско тркало, на ЈСП Скопје, наместо за атмосферска канализација или за бесплетен превоз на студентите?
Агенцијата за електронски комуникации не смее да се однесува како партиска испостава на владејачката партија и да ги троши парите на граѓаните за бизнис интерсите на власта. Интересот на граѓаните мора да биде на прво место“ се вели во реакцијата на опозицијата.
