Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ најавува мерки за да се врати средната класа

СДСМ најавува мерки за да се врати средната класа
Бројна, економски стабилна и финансиски одржлива средна граѓанска класа - ова е визија на опозициската СДСМ, а доколку дојде на власт партијата најавува дека ќе работи на враќање на средната класа во Македонија. „Идната влада на СДСМ ќе води политика на оттргнување на политиката и политичарите од директното мешање во економијата. Преку низа измени на законите, ќе ја отстраниме можноста државните институции да ги уценуваат приватните фирми“, рече потпретседателот на СДСМ Узунов. Според него, враќањето на средната класа е можно преку комбинација на два механизми: забрзан развој на приватниот деловен сектор, за да стане способен да вработува повеќе вработени со повисоки плати, и со поправедна распределба на доходот кој се создава. Истовремено, Узунов најави дека СДСМ ќе се залага за намалување за најмалку 50% постојните казни и глоби, при инспекциските контроли ќе бидат издавани само опомени, а само при повторување на прекршоците, ќе може да следи парична казна, а ќе ја разгледа и можноста за скалест пристап во казнената политика – помалите фирми да плаќаат помали глоби.  
Слично

Поврзани вести