Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ најавува кривични ако ДИК не го објави списокот

СДСМ најавува кривични ако ДИК не го објави списокот

Од опозициската партија бараат Државната изборна комисија да го објави Избирачкиот список како што налага законот.

Имено повикувајчи се на  член 31, став 2, алинеја 28-г, од Изборниот законик, од СДСМ велат дека ДИК треба да го објави избирачкиот список на својата веб страна со следниве податоци: име, презиме и адреса на избирачите.

Од партијата на Заев, во случај ДИК да не постапи согласно законот велат дека ќе поднесат  кривични пријави против оваа институција.

„Тоа е гледано од законски аспект. Од политички аспект, ако мнозинството во ДИК, предводено од ДПМНЕ, нема што да крие во избирачкиот список

Ако избирачкиот список е навистина како што тврдат прочистен, ќе го објават списокот онака како што е наведено во законот, и ќе дозволат граѓаните самите да се уверат во регуларноста на списокот“, порача потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Слично

Поврзани вести