Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции во 2021

СДСМ најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции во 2021

СДСМ најавува 23 млијарди денари за капитални инвестиции од Буџетот за 2021 година за капиталните инвестиции, а како што велат од владеачката партија, тоа е за 20 проценти повисоко во однос на минатата година.

„Во моментов, 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава. Се градат над 59 километри автопати, над 104 километри експресни патишта и 20 километри локални патишта. За оваа година планирани се нови 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 12,7 милиони евра. Истовремено, во тек се 30 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од околу 14 милиони евра“, соопштуваат од таму, од каде дополнуваат дека ќе има инвестиции и во социјалните станови и во гасификацијата.

Инаку министерот за финансии Фатмир Бесими исто така најави дека во првиот квартал од 2021 година ќе се стабилизира економијата со закрепнување од ковид-кризата со паралелно инвестирање на 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, здравствениот сектор и социјални категории, како и со новиот пакет на економски мерки.

– Тоа што е важна порака до стопанствениците и граѓаните е дека ние во секојдневна основа ги следиме движењата, слушаме, добиваме одредени сугестии, правиме анализи и навремено ќе излеземе со одредени мерки, како што беше 2020. По сите извештаи на ММФ и на други релевантини институции и ефектот на микроекономски политики и мерки даде резултат во ублажување во ефектот од кризата што го имаше во нашата економија и нашиот живот, рече Бесими.



Слично

Поврзани вести