СДСМ најави кривична пријава против министерот Цветков
Вчера дополнителниот заменик министер за земјоделие Љупчо Николовски пред јавноста обелодени наводни злоупотреби на службената положна на министерот Цветков.
Николовски претстави документи со кои тврди дека „Силекс неметали“ во сопственост на „Силекс АД Кратово“ на Љубисав Иванов Ѕинго, партнер на Груевски, добива милионски тендер од Министертсвото кое го раководи кадар од неговата партија.
Тој најави дека поради штетата која ја претрпеле и платиле земјоделците поради неисчистените канали опозицијата ќе поднесе Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против министерот Михал Цветков.
„Во време на склучување на договорот на МЗШВ, раководено од Михаил Цветков, со „Силекс неметали“ Михал Цветков се уште официјално според Централниот регистар на Македонија бил член на Управен одбор на „Силекс АД Кратово“, и во никој случај не смеел да склучува ваков договор затоа што постои класичен судир на интереси“, обвинува дополнителниот заменик минситер.
Тој исто така посочува дека изјавата која е заверена на Нотар не ја а исклучува кривичната одговорност на министерот затоа што не бил избришан официјално во овластениот орган - Централен регистар на Македонија.
