Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ му порача на ХАН: Нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти

СДСМ му порача на ХАН: Нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти

 „Нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти рамноправно да учествуваат во изборниот процес и граѓаните слободно да можат да го дадат својот глас на изборите“, е пораката која опозициската СДСМ ја упати до еврокомесарот  за проширување Јоханес Хан .

Од партијата на Заев посочија дека проектот кој го организираше таа партија докажал дека владечката партија организира избори со  криминал и корупција, преку притисоци, закани, фантомски гласачи, фалсификувани лични карти.

Од СДСМ велат дека и самиот комесар потврдил дека не се исполнети сите точки од договорот, а токму тие точки обезбедуваат фер и демократски избори: регулирани медиуми и прочистен Избирачки список.

Фер избори и процес нема без целосна имплементација на договорот од Пржино, смета опозицијата.

Слично

Поврзани вести