Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Мора да се изберат професионални, а не партиски експерти!

СДСМ: Мора да се изберат професионални, а не партиски експерти!

На обвинувањата од премиерот Никола Груевски дека опозицијата ги одложува изборите и сака да се одложат бидејќи се плашат од пораз со неизборот за експерти на ДИК , од СДСМ велат дека премиерот бил тој што ги делел  експертите по партиска припадност применувајќи тактика на одолговлекување и непочитување на Договорот од Пржино.

Тие велат дека мора да се изберат експерти според нивните професионални и стручни квалификации а не според партиска припадност.

„Република Македонија ќе стане нормална држава само со вистински, независни експерти, без наши и ваши, без експерти на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ или на ДПА“, велат од СДСМ потенцирајќи ја потребата од слободни, фер, демократски и регуларни избори.

Од партијата на Заев велат дека Груевски се плашел од фер избори бидејќи затоа што знае што мислат граѓаните.

Слично

Поврзани вести