СДСМ: „Мој термин“ откажува!
Системот за електронско закажување на прегледите „Мој термин“ постојано откажува, тврди опозицискиот СДСМ. Според партијата, овој проект само создава проблеми и за пациентите и за лекарите.
„Проектот стана ничиј термин. Низ клиничките ходници се создаваат редови од нервозни граѓани и лекари. Медицинскиот персонал не може да прегледува нормално. Лекарите не можат да издадат електричен упат поради блокада на системот. Наместо електронски се пишуваат рецепти и упати на хартија, кои потоа никој не сака да ги прими“, вели доктор Гоце Чакаровски, претседател на Комисија за здравство на СДСМ.
Опозициската партија смета дек за власта се виновни лекарите затоа што овој систем не функционира, па затоа само изнаоѓа начини да ги казни.
Министерството за здравство денеска најави измени во Законот за здравствена заштита, од кои дел се однесуваат и на проектот „Мој термин“.
Ако лекарот доцни повеќе од 15 минути, пријавете го кај директорот!
Слично
