Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Миновски бара алиби и соучесници за финансиското злосторство

СДСМ: Миновски бара алиби и соучесници за финансиското злосторство

Од СДСМ велат дека од соопштението на Министерството за финансии се гледа дека новиот министер, Кирил Миноски не ја знае процедурата за издавање на еврообврзница.

Од партијата тврдат дека тој бара алиби и соучесници во другите институции за ова финансиско злосторство.

„Ставрески го напушти веќе бродот што тоне. Богов срамежливо почна да се оградува од лудилото на задолжување изјавувајќи дека уште од 2012 година укажувал на потребата за фискална консолидација и стабилизација на јавниот долг. Миноски покажува дека не ги познава ниту основните закони кои го уредуваат начинот и условите на издавање и тргување со хартии од вредност, управувањето со јавен долг, постапката и начините на задолжување, што е во домен на надлежностите на Министерството за финансии“- стои во реакцијата од СДСМ.

Член 29 од Законот за хартии од вредност е дециден дека за издавање или гарантирање на хартии од вредност од страна на Република Македонија, не е предвидено одобрение од Комисијата за хартии од вредност, додаваат од СДСМ.

Во реакцијата се наведува дека единствениот начин на којшто може да се протолкува непознавањето на законската регулатива, е намерата истата да не се почитува.

Слично

Поврзани вести