Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Милиони евра одат за Мијалков да обезбедува државни институции?

СДСМ: Милиони евра одат за Мијалков да обезбедува државни институции?
Неколку милиони евра од државни институции добила Агенцијата за обезбедување СГС за само година и половина од формирањето, тврди потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски. Оваа агенција добила 28 договори за обезбедување со државни институции, а на 20 од овие тендери била единствен учесник. „Дали е точно дека зад оваа фирма стои братучедот на премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков? И дали тоа е причината што министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, каде што раководат кадри на ВМРО ДПМНЕ, токму во овој период, имале потреба токму од оваа фирма?“, вели Манчевски. Тој наведе дека СГС склучила договор со Град Скопје вреден 420 илјади евра, со Јавното претпријатие за државни патишта склучиле договор од 430 илјади евра, а меѓу клиентите на оваа агенција за обезбедување се и неколку други државни институции.  
Слично

Поврзани вести