СДСМ:Медиумите блиски на власта не го пренесоа ставот на ЕК дека нема услови за избори
СДСМ реагира бидејќи медиумите блиски на власта не го пренесоа ставот на Европската комисија, дека не гледа ни минимални услови за веродостојни избори на 5-ти јуни.
Од партијата велат дека тоа е резултат на паниката што владее во ВМРО-ДПМНЕ и се пренесува кај медиумите блиски до нив.
„Европската комисија потврди дека потребно е „неодложно справување со постојаните проблеми со владеењето на правото“, што особено се однесува на потребата за повлекување на аболициите од Иванов. Медиумските курири хистерично шират лаги обидувајќи се да ја сокријат вистината. Во Македонија може да има само слободни, фер, демократски и регулрани избори. Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест ни од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата. Едно е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекшил законот ќе одговара“- пишува во реакцијата.
СДСМ на чело со Зоран Заев, се вели во реакцијата, ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
