Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Македонија губи заради неискористени средства од ИПА

СДСМ: Македонија губи заради неискористени средства од ИПА
Голем дел од средствата што преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија и се достапни на Македонија се неискористени и неповратно изгубени, тврди опозицискиот СДСМ. Наместо парите да завршат за проекти корисни за граѓаните, Македонија постојано губи поради некадарноста на институциите и Владата, вели Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ. „Кога Владата ќе им каже на граѓаните дека неповратно се изгубени 15,5 милиони евра од ИПА фондовите? Исто така, 18 милиони евра од ИПАРД агенцијата во Македонија се дадени на Светска банка за да не се изгубат. Власта очигледно знае само да ги задолжува граѓаните на Македонија“, додаде таа, нагласувајќи дека овие податоци ги нема во отчетот за 100 дена од работата на новата влада.  
Слично

Поврзани вести