Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Македонија е на пат да стане пералница на пари

СДСМ: Македонија е на пат да стане пералница на пари

По јасните критики и од Венецијанската комисија за уставните измени што ги иницираше Владата, СДСМ бара власта веднаш да ја прекине постапката за уставни измени и да ги повлече предложените уставни амандмани.

Венецијанската комисија јасно порача дека недостига политички амбиент за реформа на Уставот. Уставни измени не треба се носат кога опозицијата не е во Собранието. За измени на Уставот е потребна најширока политичка поддршка.

„Венецијанската комисија ги оцени како лоши и неквалитетни речиси сите предложени уставни амандмани од страна на власта, а  дел ја оддалечуваат Македонија од европските вредности! Најсериозните забелешки се однесуваат на воведувањето т.н. меѓународна финансиска зона, изјави на денешната прес конференција претседателката на Комисијата за правда Рената Дескоска. Таа додава дека според укажувањата на Венецијанската комисија, со ваквиот уставен амандман “постои потенцијален ризик дека зоната ќе стане рај за “нечисти пари”. Комисијата практично предупредува дека Македонија е на пат да стане пералница на пари, дека како што вели и експертската јавност, оваа зона ќе стане “држава во држава”, вели Дескоска. „Овој уставен амандман го загрозува единството на државата и ги лишува граѓаните на Република Македонија од суверенитетот над дел од нејзината територија.  Венецијанската комисија укажува дека нема потреба од ваков уставен амандман што НЕ Е во согласност со европското уставно наследство, укажува таа додавајќи: -Ние сметаме дека токму овој амандман е мотивот на власта за уставните измени. СДСМ за евентуални идни уставни измени бара широка експертска анализа и општествена и политичка дебата. Како што укажува Венецијанската комисија, за воведување одредени уставни измени потребен е подолг подготвителен период, како што на пример, на воведувањето на уставната тужба во Турција, му претходеше подготовка од две години. Устав не се менува на трчање, изјави претседателката на Комисијата за правда, потенцирајќи: -Македонија е ставена пред јасен избор: или ќе продолжи на патот да стане пералница на пари или ќе се врати на европските вредности. Би биле искрено изненадени доколку Владата ги одбере европските вредности.
Слично

Поврзани вести