СДСМ: Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Mицкоски да прикаже
Oд СДСМ велат дека со инфлација од 4,8 отсто повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4 отсто, а граѓаните тонат во сиромаштија.
Според нив, Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака премиерот Христијан Мицкоски да прикаже.
„Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42 отсто од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51 отсто, Црна Гора со 53 отсто. Странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година со СДСМ. Ова се реалните катастрофални резултати на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа граѓаните секој ден го гледаат, животот е сè потежок, а Македонија економски назадува“, велат од СДСМ.
Мицкоски рече дека Македонија го дели третото место заедно со Хрватска, а пред нас се Ирска и Кипар.
