СДСМ критикува: За листеријата требаше да се реагира веднаш!
Зошто надлежните не реагирале веднаш по првиот смртен случај, туку чекале речиси еден месец за да излезат во јавност со информациите за опасната бактерија листерија, реагира опозицискиот СДСМ.
Од партијата преку соопштение, партијата прашува кои се домашните месни индустрии во чии производи, според дел од медиумите, била откриена бактеријата.
„Ако мострите од производи, како што изјавија вчера од Агенцијата за храна и ветеринарство, биле земени дури вчера, а првите резултати ќе бидат дури в петок, тогаш, од каде знаат властите дека бактеријата е од домашни месни индустрии? Никој од власта не ја негираше оваа информација. Ако пак се работело на случајот изминатиот период, зошто тоа се криело од јавноста? Ако граѓаните треба во овој период посебно да внимаваат при консумирањето месо, млеко, млечни производи, јајца, салати, овошје, вода - зошто Министерството за здравство излезе со препораките дури денеска, преку соопштение?“, стои во соопштението.
За опозициската партија, чудно и несериозно е што ниедна од надлежните институции не излезе јавно да објасни што навистина се случува, а во меѓувреме граѓаните се во паника од половичните информации, додека фирмите се изложени на големи трошоци за бараните анализи.
СДСМ бара сериозност, одговорност и објаснување на овие прашања, со цел елиминирање на сите шпекулации и сомнежи кај јавноста.
Слично
