Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Колкава е штетата од Субрата Рој?

СДСМ: Колкава е штетата од Субрата Рој?
Веста за апсењето на Субрата Рој во Индија, за опозицискиот СДСМ е потврда дека партнерството со контроверзниот индиски бизнисмен само и нанесе штета да Македонија. „Тоа е тој наводен индиски милијардер, Субрата Рој, што Никола Груевски и Зоран Ставрески го донесоа во Македонија и спектакуларно го провомовираа во прошетки со кајчиња. Додека цел свет пишуваше за неговата проневера во којашто ги оштетил индиските граѓани 4 милијарди долари, тие, Груевски и Ставрески, му ги дадоа на Рој најубавите плажи и најплодна државна земјоделска земја во Македонија“, изјави пратеникот на СДСМ Панче Орцев. Тој побара премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески веднаш да излезат пред македонската јавност и да објаснат колкави штети им се нанесени на граѓаните на Република Македонија со склучените зделки со Рој. „Никола Груевски му ги даде на Рој плажите на едно од најубавите крајбрежија во Охрид, Љубаништа, со можност, со бизнисите да влезе и во самото Охридско Езеро, заштитено од УНЕСКО. Власта на Никола Груевски му ја даде најплодната почва на контроверзниот бизнисмен Рој во Овчеполието, кадешто наместо пченица, има трња. Ниту е почната најавената изградба на фарма за 20 000 крави. Ниту има В од најавените 2 000 нови вработувања“, вели Орцев СДСМ бара сите штетни последници од контроверзното бизнис партнерство да ги преземат лично Груевски и неговата власт.
Слично

Поврзани вести