Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Која е штетата врз безбедносниот систем од аферата „Шпион“?

СДСМ: Која е штетата врз безбедносниот систем од аферата „Шпион“?
Опозицијата прашува какви државни тајни оддале обвинетите во случајот „Шпион“ за да им бидат изречени големи затворски казни. „Ако навистина во судската постапка се докаже дека обвинетите во случајот „Шпион“ заслужиле над 70 години затвор, се поставува прашањето какви ли се државни тајни оддале. Изречените казни го отвораат прашањето за политичка одговорност за случајот „Шпион“ од сите во државата кои се повикани да ја штитат безбедноста на Република Македонија и нејзините граѓани“, се вели во денешното соопштение на СДСМ, објавено по изрекувањето на пресудите. Од партијата бараат одговор колку е нарушена безбедносната состојба во Македонија со тајните што ги издале инволвираните во овој случај.
Слично

Поврзани вести