Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ќе се жали во Женева за прекршување на работничките права во Македонија

СДСМ ќе се жали во Женева за прекршување на работничките права во Македонија
Комисијата за образование и наука на СДСМ подготви официјална претставка до Меѓународната организација на трудот, во Женева, во врска со прекршувањето на одредбите на Конвенциите 87 и 98 за слободата на здружување и колективно договарање, објави Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука и член на ИО на СДСМ. Според него, ова е реакција на преку ноќ донесените измени во законите за основно и средно образование во Собранието на РМ. „Претставката до Меѓународната организација на трудот се однесува на измените во Законите за основно и за средно образование со коишто власта предвиде замена на наставниците кои штрајкуваат со други наставници, што е спротивно на Уставот и законите. СДСМ како левичарска партија и натаму ќе ги поддржува сите барања за унапредување на правата на работниците, условите за работа и статусот на вработените во државниот сектор“, вели Атанасов. Тој нагласува дека СДСМ остро се спротивставува на какви било обиди за изигрување на правото на штрајк на вработените во образованието, како и политички игри и злоупотреби на ова право.
Слично

Поврзани вести