СДСМ ќе се жали на прекршување на Изборниот законик
ВМРО-ДПМНЕ предвреме ја почна изборната кампања, обвинуваат од опозициската СДСМ. Објавувањето на Отчетот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов и на Отчетот на Владата, според опозицијата, претставуваат директно кршење на Изборниот законик и превремен почеток на изборната кампања.
„Највисоките функционери на власта, премиерот Никола Груевски, министрите, како и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го кршат Изборниот законик. Од овие причини, СДСМ поднесе претставки до Државната изборна комисија и Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги со барање за поведување соодветни постапки и казнување на прекршителите на законот“, информираше потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.
Кампањата започнува на 24 март за претседателските избори и 5 април 2014 година за предвремените парламентарни избори.
Слично
