Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ќе се изјасни за одлуката на две пратенички да останат во Собранието

СДСМ ќе се изјасни за одлуката на две пратенички да останат во Собранието
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) се очекува во 14:30 часот да излезе со официјален став како ќе се постави кон двете пратенички - Солза Грчева и Љубица Буралиева, кои одлучија да не ја следат партиската одлука и да ги повлечат оставките депонирани во Собранието. За тогаш во седиштето на партијата е закажана пресконференција на генералниот секретар Оливер Спасовски. Иако подетално не е наведена темата на пресконференцијата, сепак се очекува главна тема да биде ова важно прашање за социјалдемократите. Како пратеничките Грчева и Буралиева ја објаснуваат одлуката на останат во Собранието? СДСМ досега официјално не ја коментираше одлуката на двете пратенички, во очекување тие официјално за својот потег да ја информираат партиската централа. Сепак, одредени членови на партијата на социјалните мрежи остро го критикуваа потегот на Грчева и Буралиева, оценувајќи го како „предавство“.    
Слично

Поврзани вести