СДСМ: Ќе поднесеме законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на тие на функционерите
Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) ќе поднесе законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на тие на функционерите. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) попладнево излезе на протест и бара зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за 100 евра.
„Имајќи ја в предвид тешката положба на работниците и намалениот животен стандард на граѓаните, како и изнесените барања на Сојузот на синдикатите, СДСМ ќе поднесеме законски решенија во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра, за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори, како и законски решенија за замрзнување на платите на функционерите“, се вели во соопштението од опозициската партија.
Одлуката за поддршка на протестот на работниците, како што денеска изјави партискиот лидер Венко Филипче е донесена на вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека едвај се собрале илјада луѓе.
