Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ќе воведува прогресивен данок и ќе ги помага домашните бизниси

СДСМ ќе воведува прогресивен данок и ќе ги помага домашните бизниси

„Визијата за Македонија” е новиот проект на СДСМ, кој денеска го промовираше лидерот на партијата Зоран Заев. Овој проект ќе биде промовиран и низ останатите градови, каде ќе се одржуваат јавни трибини на кои граѓаните ќе можат да ги искажат своите ставови и идеи.

„Платите на граѓаните обезбедуваат пристоен живот, пензиите обезбедуваат достоинствена старост. Даноците се помали за сиромашните граѓани, а повисоки за најбогатите. Социјалната помош ги извлекува корисниците од сиромаштија. Државата помага развој на домашните претпријатија - тие отвараат нови работни места....” – ова се дел од мерките што Заев денеска ги презентираше.

Проектот се базира на пет столба и секој од нив детално ја опфаќа областа за која се однесува.

Првиот столб обезбедува одговорна власт и контрола на власта. Вториот обезбедува праведна распределба на доходот и извлекување од сиромаштија, а третиот  развој на домашните капацитети и пристојна работа. Четвртиот столб треба да обезбеди европска иднина и квалитетен живот. Петтиот столб обезбедува едно општество за сите, односно да нема поделби по етничка основа.

„Вакво општество е можно, тоа е општество кое се потпира на средната класа, која ќе биде двигател и бранител на сите економски и демократски процеси во државата” –рече Заев.

Слично

Поврзани вести