Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ќе продолжи да ги објавува бомбите, ако нема договор за јавен обвинител

СДСМ ќе продолжи да ги објавува бомбите, ако нема договор за јавен обвинител

Ако работните групи не постигнат договор околу прашањето за јавниот обвинител до договорениот рок, опозицијата ќе продолжи да ги објавува таканаречените ,,бомби".

„Ако има Специјален јавен обвинител на 15 септември, тогаш сме исполниле едно поглавје од договорот. Но, тоа не значи само исполнување, тоа значи дека Заев и опозицијата ќе има кому да му ги предадат материјалите. Ако нема кому да ги предадеме материјалите, ’бомбите’ продолжуваат“, изјави Заев на денешната посета на Струга.

Тој ја потврди информацијата дека партијата излегува од коалицијата Граѓани на Македонија.

„Вчера и официјално ги известивме сите граѓански организации за моментот на наше разделување, формално правно, од коалицијата Граѓаните за Македонија. Зошто? Затоа што Граѓаните за Македонија беа создадени од 83 невладини организации и неколку политички партии. Опозицијата, еве ја, влегува во Парламентот. На 20 октомври ќе влеземе и во власта. Никаде во Европа, никаде во демократскиот свет, нема заедно граѓански сектор и политички партии“, рече Заев.

Слично

Поврзани вести