СДСМ ќе ја враќа средната класа
На денешната дебата во рамките на проектот Визијата за Македонија, на опозициската СДСМ се говореше како да се обезбеди пристојна работа за работниците и да се врати средната класа во државата.
„Бројките покажуваат дека 70 отсто од граѓаните во државата живеат со приходи помалку од 34.000 денари, што покажува дека не влегуваат во средната класа. Наша цел е ова да го промениме да се зголеми бројот на оние што ќе бидат во средната класа''- рече претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска
Од опозицијата велат дека во моментот се отворени за сугестии и предлози од граѓани, граѓански здруженија и невладиниот сектор, за кои ветија дека ќе бидат вклучени во нивната Програма.
Слично
