Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ќе ја укинува радиодифузната такса

СДСМ ќе ја укинува радиодифузната такса

Да се укине радиодифузната такса и МРТВ да се финансира од Буџетот, предлага опозицискиот СДСМ.

Партијата предлага измени во Законот  за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што граѓаните не би плаќале 190 денари, туку основниот приход на јавниот сервис би се остварувал со зафаќање 0,5 проценти од Буџетот.

Од СДСМ сметаат дека преку наплатата на радиодифузната такса наместо да се подобрува јавниот сервис и да биде поприфатлив за граѓаните, тој постојано се менува на штета на корисниците.

Другите пратенички групи сеуште не се изјасниле околу овој предлог.

Инаку, финансирањето на МРТВ беше споменато и на преговорите меѓу политичките партии, за реформи во медиумите.

Тие веќе се во мирување петнаесетина дена, откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ одби да соработува со беглискиот посредник Питер Ванхауте и ги напушти преговорите.

За партиите, најспорни се составот и надлежностите на Советот на МРТВ и на Советот на Агенцијата за медиуми.

Слично

Поврзани вести