СДСМ: Ќе ја укинеме радиодифузната, УЈП нема да врши притисок
СДСМ реагира на постапката на УЈП за присилна наплата на радиодифузна такса со извршители за над 85 илјади граѓани кои се должници, а во истовреме ја толерира МТВ за неплатени давачки кон државата. Токму затоа СДСМ повторно вети дека ќе ја укине радиодифузната такса, а МТВ ќе биде вистински сервис на граѓаните кој директно ќе се финансира од буџетот.
„После 11-ти декември никој повеќе во Македонија нема да плаќа радиодифузна такса. Ставаме крај на притисоците, блокираните сметки и стресот од извршителите за неплатените сметки од радиодифузната такса! Неодговорната власт преку УЈП ги толерира милионските долгови на МТВ за неплатени даноци, а се заканува со присилна наплата на радиодифузна такса на 85.000 граѓани“ соопшти СДСМ.Рокот за прифаќање на решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса истекува денес и граѓаните треба да побрзаат да ги платат сметките од УЈП.
Слично
