Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Како Мијалков вооружен поминал на македонскиот аеродром?

СДСМ: Како Мијалков вооружен поминал на македонскиот аеродром?
По приведувањето на екс директорот на македонската тајна полиција Сашо Мијалков, бидејќи бил фатен со пиштол на Аеродромот во Белград, опозициската СДСМ бара одговори на неколку прашања.

“„Како Сашо Мијалков успеал да ја помине контролата на аеродромот во Скопје? Кој дозволил Мијалков да помине без да биде проверено што носи? Кој ќе превземе одговорност што непријавен пиштол бил дозволен во авион? Кој ја гарантира безбедноста на авионскиот сообраќај“, прашуваат од СДСМ. ”

Според опозицијата, овој настан уште еднаш ја потврдува потребата од темелна реконструкција на државниот систем и институциите во земјава.

Поранешниот шеф на тајната полиција се бранеше дека несакајќи со оружје тргнал на пат, а на аеродромот не бил претресен поради човечка грешка.

 
Слично

Поврзани вести