Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Каде завршија државните пари за „До балчак“?

СДСМ: Каде завршија државните пари за „До балчак“?
Владата треба да го реши скандалот со македонскиот филм „До балчак“, за кој беа потрошени државни пари, инсистира СДСМ. „На филмот противзаконски, со владина одлука му беа доделени 2.5 милиони евра, откако Филмскиот фонд веќе го поддржа со половина милион евра. Сега премиерата на филмот „До Балчак“, скандалозно, на меѓународниот филмски фестивал во Битола, „Браќа Манаки“, помина во траорна атмосфера поради незадоволството на филмската екипа и неподмирени обврските кон локалното стопанство. СДСМ бара лично од Никола Груевски, како најодговорен, кој додели 2.5 милиони евра за овој филм, да каже каде отидоа парите?“, праша Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура при СДСМ. Тој праша и зошто на актерите и филмската екипа, како и на соработниците, не им се исплатени платите. „Како е можно, филм што дошол до ниво на премиера, па дури се споменува и за кандидат за Оскар, да е соочен со катастрофално менаџирање со продукцијата? Посебно што станува збор за пари на граѓаните на Република Македонија!“, рече Алаѓозовски. (ВИДЕО) Снимка од скандалозната пресконференција на Столе Попов на „Браќа Манаки“  
Слично

Поврзани вести