Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ќе бомбардира со прашања за Буџетот од паркот Жена борец

СДСМ ќе бомбардира со прашања за Буџетот од паркот Жена борец
Опозицијата утре пратенички прашања ќе поставува од паркот Жена борец. - Наместо редовните блокади на раскрсниците, пред Собранието на Република Македонија, ќе организираме граѓански парламент, на кој граѓаните ќе ги поставуваат вистинските прашања, оние на кои Власта одбива да даде одговор, вели пратеничката Весна Бендевска. Таа смета дека тоа што ќе се случува во парламентот е театар. - За утре Трајко Вељаноски закажал седница за пратенички прашања, на која граѓаните ќе можат да го гледаат театарот на Власта, како самата си поставува прашања и потоа самата си ги одговара. Овој пат, без присуство на пратениците од опозицијата, нема да мора да се мачат со ливчиња, туку целиот театар ќе можат однапред да си го режираат. Иако ние пратениците, кои бевме тепани и насилно исфрлени од парламентот на „црниот понеделник“, немаме намера да се вратиме во овој состав на Собранието, нема да се откажеме од нашите прашања, напротив прашањата ќе бидат поставени но на уличниот, демократски парламент, изјави Бендевска. Пратениците на СДСМ се надвор од парламентот по буџетските настани, кога за да се изгласа буџетот беше употребена физичка сила за нивно отстранување. СДСМ бараше заштеди во буџетот од 200 милиони евра, со што не се согласи владејачката коалиција на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
Слично

Поврзани вести