Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Јанакиески најмалку што може е да му се извини на Цаноски и да даде оставка

СДСМ: Јанакиески најмалку што може е да му се извини на Цаноски и да даде оставка
Откако министерот за транспот и врски Миле Јанакиевски изјави дека рушењето на објектот ,,Космос” било целосно по закон, опозицијата му порача дека треба да се извини и да замине од политичката сцена. ,,Најмалку што може да направи министерот Миле Јанакиески по обелоденетиот скандал „Космос“, во којшто се јавува како извршител на премиерот Никола Груевски, е да му се извини на Фијат Цаноски и да замине од политичката сцена“ реагира СДСМ. Според опозицијата тоа нема да ја смени вистината, но барем министерот би покажал малку совест. ,,Со тоа нема да ја смени вистината за „модерните волови“ и динамити со коишто учествувал во уништувањето на милионска инвестиција на семејство и дека бил соучесник во газењето на правото, но ќе покаже минимум совест“, стои во соопштението од партијата на Зоран Заев
Слично

Поврзани вести