Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ја обвинува власта дека манипулира со зголемувањето на пензиите

СДСМ ја обвинува власта дека манипулира со зголемувањето на пензиите

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се обидува да манипулира со пензионерите, со граѓаните, со сите нас, обидувајќи се да создаде впечаток во јавноста дека пензиите ќе се зголемат за 5%, обвинуваат денеска од опозицијата на прес конференција.

Еве како манипулира власта според опозицијата:

„Со измените и дополнувањата од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, од пред два дена, власта ги укина законските одредби за усогласување на висината на пензиите согласно трошоците на живот .

Наместо ова законско усогласување, кое целосно го укина, власта додаде одредби за зголемување од 5% во септември 2015 година.

Зошто власта го укина усогласувањето на пензиите со трошоците на живот, кои секојдневно растат?

Ако власта имаше искрени намери, во измените, само ќе додадеше одредба за зголемување на пензиите за 5%, без укинување на усогласувањето за висината на пензиите.

На овој начин, власта на Никола Груевски покажува лажен, неискрен однос кон пензионерите. Реалното, со ова укинување на законското усогласување на пензиите зголемувањето ќе биде незначително.

Ако се земе во предвид постојаниот пораст на цените и планираната инфлација од 2% за наредната година, повеќе од јасно е дека пензионерите не добиваат речиси ништо.

Власта крие од јавноста дека вакво усогласување не е направено ниту за 2014 година, што значи пензионерите во Република Македонија се оштетени за цели 2 години.

Загрижувачки е овој однос на власта која сопствените граѓаните се обидува социјално да ги манипулира“, изјави пред медиумите пратеникот Јулијана Силјановска.

-Пристапот на СДСМ е различен и во интерес на пензионерите, рече таа.

Решенијата на СДСМ опфаќаат воведување пензионерска потрошувачка кошничка како основа за следење на трошоците на живот на пензионерите и усогласување на висината на пензиите на секои три месеци, што е поповолно за пензионерите, рече Силјановска.

Слично

Поврзани вести