Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ја обвини власта дека купила огромен имот за малку пари

СДСМ ја обвини власта дека купила огромен имот за малку пари

Од опозициската СДСМ после синоќешните експресни преговори кои завршија повторно без никаков договор ја обвинуваат владеачката партија и премиерот дека директно го кршат  Договорот од Пржино

Портпаролот на СДСМ денес на прес конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се плаши од  комплетирањето на специјалното јавно обвинителство, избор на независен министер за внатрешни работи и бегаат од слободни, фер и демократски избори, а пред се дека се плашат од заминување на Груевски од власт.

Понатаму изјавија дека корупцијата и криминалот, како што тврдат на власта немало да бидат неказнети.

Од оваа партија денеска најавија и објавија таканаречени нови бомби.

Шилегов го обвини премиерот  не само за семеен туку и за партиски криминал посочувајќи дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ купила огромен имот низ цела Македонија и истиот се протегал на  различни локации со вкупна квадратура од близу 12.000 метри квадратни од кои најголем дел се простира во Скопје.

4 милиони евра е приходот кој партијата на власт го прикажала и од СДСМ тврдат дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ  купуваат огромен имот за малку пари.

Од оваа партија прашаа Колку чини вкупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ?

 Во видеото може да ја проследите прес конференцијата на СДСМ:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/2_EokunHKfc[/embed]

 

Слично

Поврзани вести