Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ја демантира Мета „бомби“ ќе се објавуваат само од Бихаќка!

СДСМ ја демантира Мета „бомби“ ќе се објавуваат само од Бихаќка!

Во врска со денешниот објавен текст на веб страната на агенцијата МЕТА, кој беше преземен и од нашиот портал опозицијата остро реагира.

Имено, во текстот кој беше објавен од страна на горе спомнатиот медиум, пишува дека следната среда, на 8. април, токму пред Велигден, опозицијата ќе ги фрла „бомбите“ од Битола, пред тоа, „бомби“ ќе одекнат на 2. април во Куманово и на 4. април во Прилеп.

Од СДСМ велат дека овие информации не се точни и дека опозицискот лидер најверојатно уште утре ќе има прес конференција на која ќе се објавуваат нови доказни материјали.

Во СДСМ објаснуваат дека она што го објавила агенцијата Мета, а потоа го презеле повеќе портали, всушност, е начелен план на раководството на партијата за посета на неколку општини во земјата. Тој план ќе биде дефиниран во текот на денешниот ден и можно е за време на тие посети да бидат објавувани аудио-снимки, но од локално значење, пишува плусинфо.

Од Бихаќка потенцираа дека содржините нема да бидат познати претходно, а се она што се пласира во јавноста се всушност претпоставки.

Слично

Поврзани вести