СДСМ: Ивановски, дали избега од стравот да се соочиш со граѓаните?
Љупчо Ноловски од СДСМ вели дека министерот за информатичко опшество Иво Ивановски и должи на јавноста објаснување за неговото заминување и треба да одговори на многу прашања.
,,Дали избега од страв да се соочи со граѓаните за најголемата партизација на државната администрација што ја направи власта на Никола Груевски? Политизацијата на државата и државните инситуции, констатирана во сите релевантни меѓународни извештаи за Македонија, се спроведуваше преку министерството со кое раководеше токму Ивановски" вели Николовски.
Тој вели дека со оставката на Ивановски, се гледа како доаѓа крајот на овој режим.
,,Се редат заминувања во владата на Никола Груевски. Пред дефинитивно да замине од политичката сцена Груевски го напуштаат неговите најблиски министри. Очигледно за Ивановски попривлечно е да се биде вработен во приватна странска компанија отколку да се биде министер во владата на Груевски" - дополни Николовски.
Николовски додаде дека јавноста очекува одговори од министерот Ивановски, и прашува дали неговото заминување крие нешто за што јавноста сè уште не знае.
