Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Иванов да ги поништи одлуките за помилување донесени по нарачка на Груевски

СДСМ: Иванов да ги поништи одлуките за помилување донесени по нарачка на Груевски

Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и законите, регираат од СДСМ.

Од партијата велат дека со тоа што Иванов го амнестираше Никола Груевски 5 пати, Миле Јанакиевски 16 пати, Гордана Јанкуловска 13 пати, стана соучесник во злосторничкото здружение на штета на граѓаните, уставниот поредок и законите во Република Македонија.

„Уставот е срушен, погазени се законите. Договорот од Пржино е погребан, техничката влада ја укинаа. Избирачкиот список не е прочистен. Нема реформи во медиумите. Притисоците и мешањето на партијата и државата продолжуваат. Затоа целата демократска Македонија порача дека на 5-ти јуни избори нема да има. Овој тим на злосторот мора да замине, а злосторничкото здружение да одговара.  Граѓаните тоа го знаат и затоа се на нозе, затоа се со СДСМ и сите демократски сили во борбата за слободата и демократијата. Или Груевски или Македонија“- велат од СДСМ.

Од СДСМ порачуваат дека Ѓорге Иванов мора да ги поништи сите одлуки за помилување од 12 април, што ги донесе по нарачка на Никола Груевски и мора веднаш да замине од позицијата.
Слично

Поврзани вести