Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Итни реформи во медиумите поради необјективното известување

СДСМ: Итни реформи во медиумите поради необјективното известување

Опозициската СДСМ предупредува дека провладините медиуми продолжуваат да известуваат непрофесионално, необјективно и пристрасно, алудирајќи на укажаните забелешки кои ги изнесе Агенцијата за  аудио и аудио визуелни медиумски услуги за приватните телевизии Сител, Канал 5 и Алфа и националниот сервис МРТВ.

„Продолжува непочитувањето на професионалните стандарди, особено за објективно и непристрасно прикажување на настаните, со употреби на најгруб говор, навреди и клевети надвор од дозволените граници на демократска дебата“, реагираат од опозицијата.

Додаваат дека оваа признание на АВМУ пред 4 дена доаѓа по дури 4 годишен молк на Агенцијата којашто дозволи телевизиите здружени со власта недозволиво да ги лажат граѓаните и да креираат непостоечка реалност, а Македонија од светските организации да биде ставена на дното по медиумски слободи.

Ова е уште една причина зошто се неопходни реформи во медиумскиот простор, се заклучува во денешната реакција на СДСМ .

Слично

Поврзани вести