Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Искеширани 225 илјади евра за партијата на Милетиќ

СДСМ: Искеширани 225 илјади евра за партијата на Милетиќ

На една објавена аудио снимка од денешните прислушувани разговори кои ги објавуваше од Куманово, Мартин Костовски можеше да се слуше разговор како што тврди СДСМ во кој министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот Никола Тодоров во кој министерката вели дека  ветени големи суми пари-75.000 во кеш и ургира побрзо да се достават истите за партијата на Драгиша Милетиќ.

Веќе во вториот разговор меѓу , како што вели СДСМ министерката и генералниот секретар на партијата Кирил Божиновски признава како дал 225.000 евра во кеш, не првично договрените 75 туку 225 илјади евра.

Во вториот сет разговори кои беа објавени се слуша договор како, што тврди опозицијата меѓу  Јанкулоска и вицепремиерот Владимир Пешевски, каде што договараат како да ги спречат возилата на СДСМ и да ги испратат на вонреден технички преглед, а во истиот разговор може да се слушне дека МВР работи за ВМРО-ДПМНЕ.

- Ние имаме многу поефикасни методи од овие. Во секоја општина се прави тоа и го правиме многу поорганизирано од комуњарите. Цел врв на МВР е во Куманово – тврди Јанкулоска во објавениот телефонски разговор.

Слично

Поврзани вести