СДСМ инсистира Владата да го обелодени договорот за гасификација
Информациите кои ги обелоденил премиерот Никола Груевски во телевизиското интервју не биле доволни и затоа СДСМ инсистира Владата на јавноста да и соопшти што договорила со Руската Федерација околу гасификацијата, се вели во соопштението од опозициската партија.
СДСМ инсистира Владата на јавноста да и соопшти што договорила со Руската Федерација околу гасификацијата.
„За граѓаните на Македонија не се доволни фалбите на власта дека самото потпишување на договорот чија што содржина не ја знаеме е голем успех за државата. СДСМ бара од премиерот и од Владата да кажат дали е ова единственото што имаат да им го соопштат на граѓаните за овој проект? Потсетуваме дека вакви најави, дека гасификацијата само што не почнала да се спроведува во пракса, македонската јавност слуша од 2007 година. “ стои во соопштението од СДСМ.
Според опозициската партија, само со објавувањето на договорот „ќе се отфрлат сите сомнежи во однос на искреноста на Владата да го реализира проектот за гасификација на Македонија“.
Со потпишувањето на договорот е осигурана енергетската независност на земјава во наредните 50 години, се наведува во реакцијата на владеачката ВМРО – ДПМНЕ.„Заслугите на ВМРО-ДПМНЕ се двојно поголеми бидејќи успеа да искористи пропуштена шанса на претходната влада на СДСМ, која не мрдна со прст кога земјите во регионот настојуваа да влезат во меѓународниот гасовод“ се наведува во реакцијата на владеачката партија.
