Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ – Кој ги блокираше преговорите?

СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ – Кој ги блокираше преговорите?

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања - Кој ги блокираше преговорите?

Од опозициската СДСМ тврдат дека делегатите на владеачката партија побарале синоќешните преговори да се прекинат, додека пак од ВМРО категорично ги негираат овие тврдења и ги објаснуваат преговорите како конструктивни.

СДСМ обвинува дека ВМРО со одложувањето си купува време, а власта  ги отфрла обвинувањата.

Очигледно партиите се однеуваат несериозно кон политичката криза.

Иако изгледаше дека конечно ќе падне договор за изборните регулативи според кои треба да се спроведат претстојните предвремни парламентарни избори сепак рокот истече, а епилогот од маратонските преговори е пропаѓање на договорот.

Странците стапуваат на сцена

Ни меѓународните олеснувачи не успеаја доволно да притиснат за решение на изборниот модел, па најверојатно во петок на маса ќе им биде претставен готов предлог изготвен од самите нив.

Иако велат дека не се песимисти, сепак во дипломатските кругови владее разочараност.

Питер Ван Хоуте вели дека е направен прогрес во дел од Изборниот законик и изрази надеж за постигнување на договор во најбрзо време.

ЕК им постави ултиматум, времто истече, денес да се постигне договор

ЕК жали што партиите не успеаја да ги финализираат реформите во изборниот закон, покрај постигнатиот напредок во преговорите на експертските групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии уште денес да постигнат договор. Изборите се приближуваат и поради оваа причина треба да биде донесен Изборниот закон што е можно поскоро за да се започне и со неговата примена – со оглед дека изборите ќе се одржат во месец април следната година“, изјавил портпаролот на еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, ЕК, Маја Коцианчиќ.

Нова средба?

За утре е закажана нова средба на преговарачите, а дали после дождот ќе изгрее сонце и ќе се реши нешто, останува да го чекаме утрешниот ден.

Слично

Поврзани вести